ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Грчевски направи една промена за реваншот со Белгија

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, направи една промена во ростерот за реваншот против Белгија.

На местото на левото крило Леона Миленкоска, во составот ќе биде средниот бек Сара Стефаноска, која беше дополнително повикана, додека останатиот дел од составот е истиот. Повредена е Ивана Арсениевска, а во составот не се Теодора Дукоска и Бојана Коцева.

За женската репрезентација на Македонија да ги остави „живи“ шансите за пласман на Европското првенство 2026 година, ќе и биде потребна победа од два гола разлика над Белгија на реваншот во Куманово, а потоа да чекаме и два порази на ривалот во последните две кола против Германија и Словенија.

Македонија за да оди на континенталниот собир во декември ќе мора да биде меѓу четирите најдобри третопласирани од шесте квалификациски групи, a во тој биланс ќе се пресметуваат само резултатите (и гол-разликите) во дуелите со прво и вторпласираните репрезентации во групите.

Македонија и Белгија ќе се соочат во мечот што стартува од 17:00 часот во градската сала во Куманово. Судијки на дуелот се Софија Петровиќ и Лана Зрниќ од Србија, додека делегат е Тамар Чоговадзе од Грузија.