Се повреди Арсениевска, Грчевски повика нова ракометарка

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, повика нова ракометарка во пресрет на реваншот со Белгија од квалификациите за ЕП 2026.

Ново име во македонскиот национален тим е Сара Стефаноска од романскиот тим Залау, која се приклучи и веќе одработи тренинг со колешките.

Овој повик доаѓа по повредата на средниот бек на полскиот Кошалин, Ивана Арсениевска, која не беше во ростерот за првата средба.

Македонија загуби во првата пресметка од Белгија со 26-25, а сега во Куманово мора да слави со два гола разлика за остане во конкуренција за третото место, а со тоа и за пласман на континенталниот собир.

Македонија ќе ја пречека Белгија утре од 17:00 часот во Куманово.