Светската ракометна федерација ги потврди домаќините на следните светски шампионати кај дамите и момците во младинските категории.
Македонија и Скопје ќе бидат домаќини на Мундијалот за ракометари до 21 година во 2027, а нашиот главен град ќе прими 32 селекции од целиот свет.
РФМ ја доби одново довербата на светската куќа на ракометот и ќе организира нов планетарен собир по оние во минатото.
Првенството е закажано од 23 јуни до 4 јули, а дополнително ќе бидат потврдени салите каде ќе се играат натпреварите.

























