Европската ракометна федерација ги објави составите на Белгија и Македонија за пресметката од квалификациите за ЕП 2026.
Селекторот Кристијан Грчевски за овој меч нема да смета на Бојана Коцева, Теодора Дукоска, Таида Беровиќ и Ивана Арсениевска.
Двомечот меѓу Македонија и Белгија ќе го реши третото место во групата, од каде ќе може да се надеваме на место на ЕП.
Натпреварот меѓу Белгија и Македонија е закажан за вечерва во салата „Алверсберг“ во Хаселт од 20:10 часот.

























