Грчевски: Ова се двата најважни мечеви во квалификациите за ЕП

Двата дуели со Белгија, во среда и во сабота може да дадат одговор дали Македонија е блиску до пласман на уште едно ЕП. Ни требаат две победи за да бидеме сигурни трето место, можеме да се надеваме дека ќе бидеме меѓу четирите најдобро треторангирани екипи и ќе играме за завршниот турнир во декември.

Селекторот Кристијан Грчевски ги имаше на располагање 16 од 20 повикани ракометарки, додека Коларовска, Петковска, Арсениевска и Гакидова треба да се приклучат на вечерниот тренинг.

„Следуваат двата најважни натпревари за нас во овие квалификации, кои можат да не однесат на следното ЕП. Подобро е што првиот меч го играме на гости. Не сме комплетни на утринскиот тренинг, но верувам дека ќе бидеме комплетни и во сред аќе играме најдобро на мечот, вели Кристијан Грчевски, селекторот на Македонија пред гостувањето во Белгија во квалификациите за ЕП 2026.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

Првиот меч со Белгија се игра на 4 март од 20:10 часот, додека реваншот е на 7 март од 17:00 часот во Куманово.