Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 22 коло од суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по двајца ракометари од Бутел Скопје и Вардар, како и по еден од Охрид, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.
За МВП на колото ќе можете да гласате до понеделник до 12 часот.
Супер лига, 22. коло, резултати:
ПРОЛЕТ – OХРИД 23-39 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 33-25 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ВАРДАР 25-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – РАДОВИШ 38-16 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СТРУГА 39-23 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 19-43 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 22. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Бојан Блажески (Охрид) – Голманот на „гладијаторите“ имаше одлична партија против Пролет.
Лево крило: Дамјан Субашевски (Бутел Скопје) – Левото крило беше меѓу најдобрите на мечот со Тиквеш.
Лев бек: Христијан Митревски (Еурофарм Пелистер 2) – Поранешниот младински репрезентативец даде осум гола против Струга.
Среден бек: Јака Малус (Вардар) – Словенечкиот репрезентативец беше лидерот на Вардар до триумфот во Автокоманда.
Десен бек: Урош Митровиќ (Вардар) – Ги покажа своите квалитети против тимот на Лазаров и успеа да погоди шест пати.
Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Еурофарм Пелистер) – Десното крило беше најдобар стрелец и постигна 14 гола против Куманово.
Пивот: Дејан Михајловиќ (Бутел Скопје) – Кружниот напаѓач ја продолжи одличната форма и на важниот меч со Тиквеш.

























