Нова акција: Димитријески избра 19 пионерки, Македонија ќе игра на „Трофеј Србија“

Селекторот на женската пионерска репрезентација на Македонија, Славиша Димитријески, го објави списокот на ракометарки за претстојната акција во рамките на ЕХФ неделата.

По настапот на Медитеранското првенство, Македонија ќе има можност за уште силни контроли пред квалификациите за ЕП во ноември годинава и ќе настапи на „Трофеј Србија“.

Димитријески ќе смета на 19 ракометарки, а главно тоа се истите што беа дел од Медитеранското првенство во Приштина.

„Трофеј Србија“ ќе се одржи oд 5 до 7 март, а Македонија покрај со домаќинот ќе тестира и со селекциите на Австрија и Црна Гора.