Грчевски со поширок список – 35 ракометарки во конкуренција за двомечот со Белгија

Женската репрезентација на Македонија ја очекуваат важни битки против Белгија од квалификациите за ЕП 2026.

Селекторот Кристијан Грчевски го објави поширокиот список од 35 ракометарки за претстојниот двомеч во Хаселт и Куманово.

На неговиот список нема никакви изненадување и во принцип тоа се ракометарките што и претходно беа во конкуренција.

Скратениот список ќе биде објавен неделава, а собир за ЕХФ неделата ќе биде на 1 март. Првиот меч со Белгија се игра на 4 март на гостински терен, додека вториот дуел е на 7 март во Куманово.

Македонија исто како и Белгија досега нема освоено бодови по два меча со Германија и Словенија.