МОЛК ВО АВТОКОМАНДА: Вардар со победничка песна оди дома

Вардар ја остави Автокоманда замислена и во солзи откако со 28-25 ги победи „сините“ предводени од Кирил Лазаров. „Црвено-црните“ остануваа лидери на табелата со предност од 4 бода во однос на Еурофарм Пелистер. За домашниот тим ова е меч со кој веројатно се збогуваат со шансите да бидат во игра за титулата.

За давата тима ова беше меч кој може многу да им донесе во продолжението на првенството, кога ќе се разигрува за титулата. За домашнте значеше останување во трката за титулата, иако се уште со заостанување зад „црвено-црните“, а за Вардар беше дуел кој треба да донесе заборавање на лошата игра од Португалија во Лига Европа, но и задржување на предноста на табелата во однос на Еурофарм Пелистер.

Секој бод е важен, особено во директните дуели. Средбата почна со иницијатива на гостите кои имаа постојано водство. Двата голмани имаа по 6 одбрани, и Валах и Кизиќ. Домашните почнаа со Галевски, но откако имаше 0/7 беше сменет со Кизиќ кој потоа одбрани неколку важни топки, и тоа токму во моментите кога Вардар можеше да се одлепи на предност од три гола.

За Вардар дебитираше и Вукашин Воркапиќ кој пред некој ден доби сертификат и дозвола да настапува за тимот на Иван Чупиќ. Од стандардниот состав отуствуваа Марчинијак, Еспиња, Боно, Пинто кои беа прекубројни интернационалци.

При резултат 13-11 за „црвено-црните“, Џонов доби исклучување, а тоа не го искористи тимот од „Јане Сандански“, иако имаше две можности да отиде на три гола. Затоа пак Митев намали на 13-12, и до крај беше така „еден-два“ гола предност за Вардар. Во последните секунди Митев имаше слобоен просто, чиста ситуација но таа топки заврши над голот па остана предноста од 14-13 за Вардар.
Митев имаше реализација 1/5 во првите 30 минути, а најдобар беше Борсаж со 6 гола од 9 обиди. Кај гостите Митровиќ имаше реализација 4/4 а Горига 3/4.

На самиот почеток на второто полувреме Вардар пак имаше предност од „плус 2“ и напад, кој повторно не го искористи, а на спротивната страна Дамјан Митевс од пенал намали на 15-14. Кога не се користат шансите доаѓа казната, па Вардар од преност од два гола дојде во негатива од 15-16 во 35 минута. Тоа беше вторпата на средбата домашните да имаат водство, по почетните 1-0. Тогаш мораше да реагира Чупиќ да бара минута одмор и да подели совети.

Потоа Вардар пак го презеде водството и до крај го задржа за нов триумф.
Јака МАлус со 10 гола од 13 обиди беше најдобра стреелц, а Митрвиќ и Горига дадоа по 6 гола.