„Сино-белиот“ тим од Автокоманда го задржа капитенот Игор Ѓорѓиев. Скопскиот клуб официјално потврди дека 25-годишниот среден бек потпиша нов договор и ќе остане дел од екипата и во наредниот период, иако не беше откриена должината на договорот.
И покрај интересот од повеќе клубови, меѓу кои и најдобрите клубови во Македонија, Ѓорѓиев реши да ја продолжи својата верност кон тимот предводен од Кирил Лазаров.
Тој е дел од клубот од 2021 година и во меѓувреме се изгради во еден од клучните играчи и вистински лидер на тимот.
Покрај клупските настапи, Ѓорѓиев е стандарден член и на македонската репрезентација.









