Последното коло од регуларниот дел на сезоната треба да реши кој ќе биде шестиот патник во плеј-офот, а за тоа место конкурираат, теоретски три екипи: Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп.
Секој има свои шанси, некои зависи од самиот себе, а некој тим ќе мора да игра, но и да смета на услуга од другите. Тиквеш беше последниот клуб што обезбеди место во плеј-офот, и останува уште едно место.
Бутел Скопје влегува со 20 бода во последното коло, има еден бод предност во однос на Еурофарм Пелистер 2 кој има 19 бода, а Прилеп заостанува зад двата тима и има 18 бода. Што им е потребно на екипите за да играат во плејофот.
Двојки за 22 коло:
Бутел – Тиквеш
Еурофарм Пелистер 2 – Струга
Прилеп – Радовиш
Табела:
6. Бутел – 20 бода
7. Еурофарм Пелистер 2 – 19 бода
8. Прилеп – 18 бода
Битолчани се домаќини на Струга која е аутсајдер. За вториот тим на битолчани единствена опција за плеј-оф е да победи на средбата со Струга, но и да чекаат пораз на Бутел од Тиквеш. Во тој случај Еурофарм Пелистер 2 би имал 21 бода, а Бутел 20.
Доколку имаат ист број бодови со Бутел, во предност е скопскиот тим кој има подобра меѓусебна бодовна разлика (победа и реми).
СИТЕ ЕКИПИ ДА ИМААТ ИСТ БРОЈ БОДОВИ:
Во случај сите три екипи да имаат ист број бодови – во предност ќе биде Бутел кој има најдобра бодовна разлика, и гол разлика. Тогаш ќе се прави мини табела од меѓусебните натпревари на трите екипи.
Бутел би имал 5 бода, исто колку и Еурофарм Пелистер 2, а Прилеп би имал само 2 бода. Бутел има гол разлика 115-113, а Еурофарм Пелистер има гол разлика 116-117, односно поради два гола скопјани се подобри.

























