Дербито на 22 коло од регуларниот дел на сезоната се игра во Автокоманда каде гостува тимот на Вардар. Средбата може да покаже која екипа колку е блиску или далеку во борбата за титулата, пред почетокот на разигрувањето.
Средбата е закажана за во сабота од 19,30 часот, а правдата ќе ја делата браќата Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегати се Калмер Металари и Ацо Николовски.
Во моментов на табелата во Супер лигата води Вардар со 40 бода, пред Еурофарм Пелистер кој има 36 и Охрид кој е на третото место со 35 бода. По завршување на регуларниот дел се продолжува со разигрувањето, уште 10 кола, но се заджруваат бодовите освоени во регуларниот дел, затоа се важни сите натпревари.
Последното коло почнува уште утре, а во Битола гостува екипата на Куманово, а во Прилеп доаѓа Радовиш.
ПЕТОК, 20 февруари
Куманово – Еурофарм Пелистер (Битола, 17,30 ч)
Прилеп – Радовиш (19,30 ч.)
САБОТА, 21 февруари
Еурофарм Пелистер 2 – Струга (16 ч.)
Бутел – Тиквеш (18 ч.)
Алкалоид – Вардар (19,30 ч.)
ВТОРНИК, 24 февруари
Пролет – Охрид (18 ч.)

























