Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во пролетниот дел од сезоната ќе смета на хрватскиот пивот Никола Граховац.
Граховац претходно беше дел од Дубрава, Загреб, германскиот Балинген, унгарскиот Веспрем, a последно играше во бундеслигашот Вецлар.
Тој ќе формира трио со македонските репрезентативци Жарко Пешевски и Самоил Ристевски на линијата од шест метри во Битола.
Хрватскиот репрезентативец ќе биде големо засилување за Стевче Алушовски за продолжението од Лигата на шампионите и домашните битки за трофеите.
Граховац настапи на Европското првенство 2022 година и Олимписките игри 2024 година. Со младинската репрезентација на Хрватска стана европски вицешампион во 2016 година.







