Грчевски скрати список – 20 ракометарки во конкуренција за двомечот со Белгија

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави списокот за претстојните квалификациски натпревари во ЕХФ неделата.

Македонија ќе одигра два меча со селекцијата на Белгија, која исто така одигра досега две средби и двете ги загуби, па нашите ракометарки мора да слават две победи за да ја продолжат трката по ЕП 2026.

Грчевски смета на стандардните ракометарки кои играа и досега, а Македонија ќе биде без капитенот Сара Ристовска, која се опоравува од повредата.

На списокот се најдоа истите ракометарки што беа дел од пријателскиот турнир во Турција кон крајот на минатата година.

Македонија и Белгија најпрво ќе се соочат на 4 март во Белгија, додека на 7 март од 17:00 часот е дуелот во Куманово. Собирот на ракометарките е закажан за 2 март.