Кукуловски: Бутелци многу трчаат и сакаат да се докажуваат, но добро ги познаваме

По дуелот со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на Охрид имаа само краток одмор и веќе утре ги чека нов предизвик.

Гостин во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе биде незгодната екипа на Бутел Скопје, но левиот бек Дејан Кукуловски смета дека фаворитската улога ќе биде оправдана на терен.

„После европскиот натпревар не очекува натпреварот против екипата на Бутел, една одлична екипа составена воглавно од млади играчи кои многу трчаат и сакаат да се докажуваат. Немаме многу време да се подготваме поради густиот распоред, но добро ја познаваме екипата на Бутел од домашното првенство и со една дисциплинирана игра како во напад така и во одбрана да ја оправдаме фаворитската улога“, изјави Кукуловски.

Натпреварот меѓу Охрид и Бутел Скопје се игра утре со почеток од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.