Поради обилни врнежни од дожд и поради поплавите во Кичево, денеска ракомет во овој град нема да се игра.
Во салата „Христо Узунов“, каде што тимот на Кичево требаше да го пречека составот на Вардар Неготино се згрижени 180 лица.
Од кичевскиот тим информираат дека овој натпревар е одложен и ќе добие нов термин за одигрување.
Врнежите и натаму се интензивни, превентивната евакуација продолжува и понатаму, па во текот на денот веројатно ќе се зголеми бројката на згрижени лица во салата „Христо Узунов“.






















