Струга се бореше машки и освои бод во Скопје – а можеше и да победи!

Иако имаа аутсајдерска улога, барем според позицијата на табелата Струга одигра машки, имаше и црвен картон, и на крај освои бод на гостувањето кај Пролет, 28-28. Можеа дури и да победат гостите, го имаа последнот напад, но ударот на Тунижанецот Мајдоуб завршни над голот.

Ракометарите на Пролет имаа предност од четири гола, но не успеаја да го задржат. Со новот бод, сега скопјани имаат 13 бода, двојно повеќе од Куманово кој е на 10. место, а Струга е на делба на 10. место со само 7 бода, исто колку и Куманово.

Во следните две кола скопјани играат против Вардар и против Охрид, па веројатно во регуларниот дел ќе останат на овој број на освоени бодови. А потоа имаат уште десет кола во кои тргнуваат со добра бодовна предност. Новиот тренер Доне Мајнов се врти кон своите млади ракометари, и неколкумина кадети постојано имаат шанса да играат со сениорскиот тим.

Струга ќе има предност во однос на Радовиш кои немаат освоено бод, но за тимот од Охридско Езеро, ќе има борба да се избегне и претпоследното место и баражот, бидејќи и Куманово е во игра за избегнување на таа позиција.

А стружани се заканија на почетокот на средбата, кога имаа и водство до 4-2 и 5-3. Се до 11. минута Струга имаше „активен резултат“, а потоа домаќините ги „надтрчаа“, а во 17 минута првпат има и „плус 3“ за водство 10-7. Но, гостите не се предадоа, па израмнија на 11-11 во 20 минута. За три минути Пролет направи убава предност, и од 13-12 зголеми на 17-13 во 27 минута. Четирите гола ги задржаи на полувреме кога имаше предност од 18-14.

Ако домашните мислеа дека ја завршиле работат, се уверија дека ништо не е готово, а гостите за само 6 минути на почетокот на второто полувреме намалија на 19-18, па домаќините мораа да бараат тајаут, и да се обидат да се „разбудат“. Тунижанецот Мајдоуб му донесе израмнување на гостинот, 19-19 навестувајќи инетересен меч. Но, голем хендикеп за гостите беше директниот црвен картон на Дарио Симоновски во 39 минута.

Го искористија тој период домаќините, и пак „скокнаа“ на максималните „плус 4“ за водство 24-20 во 43 минута. Иако без клучен играч, стружани не се откажаа, па дојдоа на само „минус 1“, 27-26 во 55 минута од средбата. Имаа шанса и за израмнување, но контрата фрлена од голманот Тутенковски не стигна донеговите соиграчи, а Давитковски на спротивната страна зголеми на 28-26. На 90 секунди до крај стружани пак имаа шанса за израмнување, но направија грешка по која Пролет доби шанса и напад. Но, младот Стојановски промаши, па во последната минута гостите добија своја шанса, и Мечкаровски погоди за израмнување., 29-29.

Потоа домаќините згрешија, им дозволија гостите да имаат уште 15-тина секунди напад, но упатениот удар на Тунижанецот Мајдоуб заврши над голот.

Давор Палевски со 11 гола од 14 удари беше најдобар стрелец на средбата, а Ласко Андоновски даде 6 гола. Кај гостите Наум Костов постигна 10 гола од 11 удари.