Кружниот напаѓач на Бутел Скопје, Дејан Михајловиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 19. коло од Супер машката лига.
Михајловиќ беше меѓу најдобрите поединци на гостинскиот натпревар против Струга и меѓу најзаслужните за триумфот.
Тој освои 53% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Томче Стојановски, кој освои 39% од гласовите.
Номинирани за МВП на 19. коло од Супер машката лига беа уште и Гоце Ојлески, Богдан Радивојевиќ, Кристијан Пилиповиќ, Јака Малус и Филип Николов.

























