Македонија пружи силен отпор, но на крајот загуби од Словенија

Женската пионерска репрезентација на Македонија загуби со 17-15 (5-4, 4-6, 8-5) од Словенија на Медитеранското првенство во Приштина или по бодови Словенија беше подобра со 4-1 (по еден за добиен период и два за победа).

Сега Македонија има три бода на петтото место и се чини дека дуелот со Грција ќе биде клучен за таа позиција во групата, бидејќи Хрватска ќе биде голем фаворит во последното коло.

По поразите од Италија и Словачка, нашите ракометарки беа совладани и третпат по ред, иако пружија силен отпор, а во голем дел од мечот беа и подобри од противничките.

Првиот период го доби Словенија со 5-4, но Македонија возврати во втората третина  и ја доби со 6-4, иако избраничките на Славиша Димитријески предводени од голманката Пајкаровска можеа да водат и со многу повеќе голови предност.

Во последниот решавачки период се влезе со предност за Македонија, 10-9, имавме и плус два 12-10. Последните два напади не ги реализиравме односно одбрани словенечката голманка и победата ја однесоа противничките.

Следен предизвик за Македонија е дуелот со Грција што се игра утре од 10:30 часот.