Блажески: Против Куманово да ја продолжиме победничката серија

По триумфот над Прилеп, ракометарите на Охрид ги очекува нов предизвик во Супер лигата и гостување во Куманово.

Голманот Бојан Блажески посакува продолжување на победничката серија во елитната конкуренција и нови бодови.

„Овој период не очекува набиен распоред. Нашиот фокус е секогаш да одиграме максимално на секој меч, особено во овој период во кој имаме и нови играчи кои треба да се привикнат на нашиот систем. Ни следува Куманово каде секој натпревар имаат поддршка од домашната публика. Ние се подготвуваме, анализираме и одиме да ја продолжиме серијата на одлични резултати“, изјави Блажески.

Натпреварот меѓу Куманово и Охрид е закажан за вторник, на 10 февруари со почеток од 19:00 часот.