Ракометарите на Тиквеш немаа проблеми на натпреварот со Радовиш и славеа триумф со 44-23. Со новите бодови, кавадарчани имаат 20 и се на делбата на петтото место со Бутел Скопје, и овие две екипи се најголемите кандидати да им се придружат на водечката четворка во битата за титулата. Радовишни останаа на нула и без бодови по 19 кола, па шансата ќе ја бараат на некој од следните натпревари.
Момците на Кристијан Грчевски победата ја обезбедија уште по првото полувреме, кога водеа со осум гола разлика, 20-12. Радовишани парираа додека имаа сили, петнаесетина минути кога беше само минимална предноста на Тиквеш, 9-8.
Потоа кавадарчани, кои имаат ослабен ростер за пролетниот дел од сезоната, почнаа да ја градат предноста, а радовишани немаа одговор. Шанса за настап добија сите ракометари од двата тима, во вториот дел на терен беа и најмладите.
Томче Стојановски се истакна кај победникот со десет гола, додека Коцев постигна еден погодок помалку, а голманот Панов имаше девет интервенции. Новите засилувања Атанасовски и Јовевски комбинираа пет гола. Кај Радовиш, Томче Трајчевски даде четири погодоци.
Во следното коло кавадарчани ќе имаат незгодно гостување кај Прилеп, додека Радовиш ќе го пречека шампионот Еурофарм Пелистер.
























