Tимот на Радовиш ќе влезе со подмладен ростер и старо-нов стратег на кормилото пред битките за опстанок во елитната конкуренција.
Екипата која одново ќе ја предводи Спасе Ѓорѓиев, ја напуштија Бобан Каковски, Илија Табаков, Филип Сиљанов, Даниел Ацев…а единствен нов ракометар е средниот бек Илија Димов.
Екипата е дополнета со повеќе млади ракометари кои потекнуваат од младинските категории на клубот- Стефан Велков, Александар Ѓоргиев, Драган Глигоров, Јован Митев, Стефан Трајанов, Трајче Манасоев, а повратник во екипата е Манас Манасов.
Од управата на клубот најавуваат поголема минутажа за младинците, со посветена и континуирана работа со младите категории.
Прв предизвик за радовишани ќе биде гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци.

























