Ројевиќ: Очекувам само добри работи во пролетната полусезона

Три настапи на меѓународни турнири и три трофеи е билансот на Охрид оваа сезона под водство на српскиот стратег Борис Ројевиќ.

Последниот беше во Белград, каде што Охрид ги победи Динамо Панчево и Тримо Требње, а утре го очекува стартот на пролетниот дел од сезоната.

Тренерот Борис Ројевиќ го најави дуелот со Прилеп и следните предизвици за „гладијаторите“.

„Момците работат одлично. Бевме на силен меѓународен турнир во Белград, кој и го освоиме и многу сум задоволен. Очекувам и се надевам на сè најдобро во пролетната полусезона. Имаме тројца нови ракометари, нема да е лесно да се воиграат, но ќе пробаме во периодот кој што доаѓа на најдобар начин момците полека да влезат во нашиот систем и да се приклучат со што повеќе минути“, изјави Ројевиќ.

Натпреварот меѓу Охрид и Прилеп се игра утре во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот.