Ракометарите на Охрид утре го започнуваат пролетниот дел од сезоната во Супер лигата, а ривал на момците на Борис Ројевиќ ќе им биде Прилеп.
Десното крило Ален Ќосевски е меѓу новите ракометари покрај Вуко Борозан и Џанфранко Прибетиќ, но веќе играше на пријателските средби, а против Прилеп ќе го има дебито на официјален натпревар.
„Тимот се чувствува свежо, добро се подготвивме и очекувањата се да го
одиграме нашиот најдобар ракомет“, изјави Ќосевски.
Натпреварот меѓу Охрид и Прилеп се игра утревечер во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот.

























