Бутел Скопје убедлив против Пролет

Ракометарите на Бутел Скопје забележаа победа на вториот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Супер лигата.

Избраниците на Горан Кузманоски славеа против градскиот ривал Пролет со убедливи седум гола разлика 34-27.

На паузата, момците на Кузманоски водеа со 18-16, а шанса за настап добија сите расположиви сили, меѓу кои и младинците.

Бутел Скопје утре ќе го одигра третиот и последен пријателски натпревар пред стартот на официјалните средби, а ривал ќе биде српскиот Железничар Ниш.

Бутелци се на чекор до плеј-офот во Супер лигата, додека Пролет ќе мора да се задоволи со битка за опстанок во елитната конкуренција оваа сезона.