Македонската машка репрезентација го заврши настапот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка на 14 место, полека се архивираат натпреварите и сите случувања, па се вртиме кон Мундијалот во Германија наредната година.
Покрај домаќинот Германија и светскиот првак, пласман ќе обезбедат уште 14 селекции од европскиот континент – четирите полуфиналисти од ЕП, како и десет селекции преку бараж средбите.
Веќе се одиграа натпреварите од првиот бараж, преку кои Летонија, Турција и Косово, обезбедија место во вториот бараж. Тие дуели на кои ќе играат и шесте најслаби од ЕП 2026 ќе се играат во март, а веќе се познати двојки.
Македонија со пласманот на 14 место, не само што ќе игра еден бараж (третиот), туку ќе биде и во првиот шешир за ждрепката на 31 јануари. Нашите ракометари ќе ги играат двата меча за пласман на Мундијалот во мај.
СП 2027 Германија, квалификации:
БАРАЖ 1 (29.10.2025/01-02.11.2025)
Летонија – Луксембург 28-20, 34-33
Кипар – Турција 27-33, 19-35
Велика Британија – Косово 26-32, 30-35
БАРАЖ 2 (18-19.03.2026/21-22.03.2026)
Босна и Херцеговина – Koсово
Грузија – Израел
Украина – Словачка
Србија – Литванија
Полска – Летонија
Турција – Романија
Грција – Белгија
Финска – Црна Гора
БАРАЖ 3 (13-14.06.2026/16-17.05.2026)
шешир 1: 10 селекции од ТОП 16 на ЕП без четирите полуфиналисти и Германија и Данска – Франција, Хрватска, Шведска, Норвешка, Португалија, Исланд, Унгариа, Швајцарија, Шпанија, Словенија, Фарски Острови, Македонија, Холандија, Австрија.
шешир 2: Чешка, Италија, Босна и Херцеговина/Косово, Грузија/Израел, Украина/Словачка, Србија/Литванија, Полска/Летонија, Турција/Романија, Грција/Белгија, Финска/Црна Гора.
Останатите места на Мундијалот ќе бидат пополнети од другите континенти – Африка (5), Азија (4), Средна и Јужна Америка (4), Северна Америка и Кариби (1) и вајлд-карти (2).
Светското првенство во Германија ќе се игра од 14 до 31 јануари 2027 година во шест градови – Магдебург, Келн, Штутгарт, Хановер, Минхен и Кил.
























