Европската ракометна федерација ги објави составите за пресметката од второто коло на ЕП меѓу Македонија и Португалија.
За разлика од првиот дуел со Данска, селекторот Лазаров за овој натпревар во составот ќе ги има Никола Митревски и Жарко Пешевски.
Надвор од комбинација останаа голманот Иван Галевски, пивотот Самоил Ристевски и левиот бек Дамјан Митев.
Натпреварот меѓу Македонија и Португалија се игра вечерва од 18:00 часот во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.
Македонија: Митревски, Томовски, Атанасијевиќ Петар, Џонов, Костески Ненад, Костески Никола, Пешевски, Стојковиќ, Аларов, Маркоски, Атанасијевиќ Павле, Кузмановски, Серафимов, Велковски, Ѓорѓиев, Митев

























