Стојковиќ: Не сме играле досега со посилен ривал

Македонија загуби очекувано со 34-22 во првото коло од селекцијата на Данска, иако имаше кратки добри интервали во играта.

Кружниот напаѓач Марко Стојковиќ имаше своја минутажа и даде краток коментар по натпреварот.

„Мислам дека не сме играле против посилен ривал од оваа Данска. Ривалот имаше брза контра, полуконтра, брз центар и по секоја техничка грешка бевме казнети. Сите сме максимално подготвени за она што ни следи понатаму, помина Данска, во фокусот сега е на Португалија и треба максимално да се посветиме за да извадиме позитивен резултат. Мораме да играме брзо и да го следиме нивниот ритам“, изјави Стојковиќ.

Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Португалија в недела од 18:00 часот.

Данска е од друга планета: Македонија со пораз го отвори ЕП