Данска беше премногу силна за македонската репрезентација. На отворањето на Европското првенство, домаќините ја совлада Македонија со резултат 36-24 (17-12) и застанаа на чело на групата Б по првото коло.
Јуске Боксeн Арената беше претесна да ги собере сите љубители на ракометот, но атмосферата не беше на ниво на ваков ракометен натпревар. Нашите репрезентативци им парираа на моќните Данците, сепак полетноста и квалитетот на актуелните (апсолутни) шампиони во само секунди ја уништуваа секоја надеж на нашиот стручен штаб за позитивен резултат.
Томовски и Митев ја имаа честа да ја забележат првата одбрана и гол на натпреварот. Со домаќините бевме рамо до рамо првите 6 минути. Неколку „продадени“ топки во нападот на „црвено-жолтите“, една одбрана на Нилсен и убоити и прецизни контра напади ја одведоа Данска на 8-3 по првите десет минути игра.

Втората половина од првиот дел играта на Македонија се подобри, нашиот голман Томовски имаше две успешни интервенции, а нападот го намести нишанот, па разликата се намали на само два негатива за избраниците на Лазаров. Во 23 минута имавме и напад за „минус два“, но повторно грешка во напад за неколку секунди не чинеше зголемување на домашната предност на 14-10.
Разликата ја одржуваме до самиот финиш на полувремето кога беше исклучлен Марко Стојковиќ, а моќните Данци додоа нов гол во својата залиха и на полувреме заминаа со предност од 17-12.
Слично како на почетокот на натпреварот, вториот дел започна со промашени напади за македонските ракометари, а тоа значеше брзо примен погодок од составот на Јакобсен. Па во такви услови по 10 минути игра Данска го дуплираше водството за 24-16 во 40. минута, а три минути подоцна Јоргенсен им го донесе првото двоцифрено водство на домаќините, 27-17.
Во продолжение и до крајот на мечот немаше големи возбудувања на теренот, а поразот можеше да биде поал ако на данскиот гол не беше Емил Нилсен. Данскиот стратег експериментираше со поставите на теренот, играше и седум на шест во повеќе наврати.
Гидсел ја предводеше листата на стрелци со девет голови, Питлик имаше осум, а голманот Нилсен запиша десет одбрани. Кај Македонија Серафимов постигна шест, Митев и Кузмановски по четири гола.
Во составот на Македонија недостасуваат искусните Никола Митревски и Жарко Пешевски кои ќе ги видиме во наредните натпревари на Европското првенство. Македонија игра во група Б заедно со Португалија и Романија. Во недела, на 18 јануари, Македонија ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Португалија.


























