Српскиот репрезентативец Урош Митровиќ ја одработува првата сезона во дресот на македонскиот вицепрвак Вардар и се чини дека трансферот во Скопје е полн погодок и за него и за клубот.
Митровиќ како голем талент на 17 години замина на печалба, а во интервју за српскиот „Спортски Журнал“, дека по настапите во Австрија, Франција и Полска, најубаво му е во Скопје.
„Заминав во Висла, бев во Полска скоро година дена, па отидов на позајмица во Австрија. Подоцна се преселив во Франција и сега сум во Вардар, каде што искрено ми е најубаво. Беше тешко, бев млад, не е дека домот ми недостигаше, бев спремен за тоа, но некако ми беше се чудно“, изјави Митровиќ за искуствата во странство.
Тој потекнува од Црвенка, играше за Висла Плоцк, па за Брегенц во Австрија, а во францускиот Тулуз се задржа две сезони пред да дојде во Вардар.























