ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија ќе ја има генералката пред ЕП

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра последниот пријателски натпревар пред Европското првенство.

Нашата експедиција денеска го напушта Силкеборг и се сели во Хернинг, градот што ќе биде домаќин на Македонија најмалку до 21 јануари, а сите посакуваме и подолго.

Избраниците на Кирил Лазаров денеска ќе одиграат пријателски натпревар против данскиот прволигаш Митјиланд од 19:00 часот.

Утре нашите момци ќе имаат два тренинга, додека в четврток е планиран еден тренинг на ден пред натпреварот со Данска.

Првиот меч на ЕП го играме против домаќинот од 20:30 часот, додека на 18 јануари е пресметката со Португалија, а на 20 јануари се игра дуелот со Романија.