Левиот бек Марко Мишевски во продолжението од сезоната ќе има нов предизвик во кариерата и ќе заигра повторно во странство.
Откако замина од Пролет, Мишевски се сели во израелскиот шампионат и ќе настапува за Макаби Ришон Ле Зион.
Мишевски своевремено беше член на француските Гренобл и Курнон Доверњ, а сега одново се враќа на интернационална сцена.
По настапите за Вардар Јуниор, играше и за Вардар, а во минатата полусезона го носеше дресот на Пролет.
























