На свеченост во „Париз Арена“ за време на пријателскиот натпревар меѓу Франција и Исланд, уште седум ракометари и ракометарки влегоа во „Куќата на славни“ на француската федерација.
Меѓу нив и легендарниот Никола Карабатиќ, Венсан Жерар, Клеопатра Дарло, како и четири ракометарки што оставија траги во Вардар и македонскиот ракомет.
Станува збор за голманката Амандин Лејно, која беше дел пет сезони од Вардар и со македонскиот клуб пет пати играше на Ф4 во Лигата на шампионите, потоа левото крило Сираба Дембеле Павловиќ, средниот бек Алисон Пино и десниот бек Александра Лакрабер.
Сите освоија златни медали со Франција на големите натпреварувања, Дембеле даде 848 голови, Лакрабер 833, а Пино 696 погодоци. Карабатиќ освои дури 11 злата на ЕП, СП и ОИ, а постигна 1303 голови на 365 натпревари.
Претходно во „Куќата на славните“ влегоа и Даниел Нарсис, Мишел Гигу, Тјери Омејер…

























