Левиот бек Мартин Манасков за првпат во кариерата ќе настапува надвор од границите на Македонија.
Помладиот од браќата Манасков во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на словенечкиот тим Ајдовшчина, дознава 24Ракомет.
Манасков потекнува од Велес, беше дел од Металург Јуниор, па Вардар Јуниор, играше за Охрид, Пролет и Бутел Скопје, пред во 2023 година да се пресели во Тиквеш, каде мина две и пол сезони.
Ајдовшчина брка пласман во словенечката елита, а за таа цел го ангажира македонскиот стратег Раде Стојановиќ.
Покрај Стојановиќ и Манасков, во клубот дојде и десниот бек Михаил Иваноски, кој по настапите за Дубочица Лесковац, во Словенија ќе го има второто интернационално искуство.

























