Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Реине Табоада, го имаше своето деби во дресот на репрезентацијата на Холандија.
На натпреварот од Златната лига против Фарските Острови, кој Холандија го доби со 30-29, Табоада беше стрелец на еден погодок.
Кубанецот, кој доби холандски пасош бидејќи неговата сопруга е Холанѓанка, ќе биде во комбинација за настап во дресот на „лалињата“ на ЕП 2026.
По заминувањето од Битола, Табоада се пресели во данската Фредериција, каде што имаше серија одлични настапи.
За него беа заинтересирани Кил и ПСЖ, но тој ја избра понудата на португалската Бенфика.

























