По само три месеци соработка, германскиот Десау и Томислав Јагуриновски се разделија спогодбено.
Двете страни се договорија за раскин на договорот, кој првично беше валиден до 30 јуни 2027 година, а германскиот клуб ја потврди разделбата.
27-годишниот македонски бек не успеа да го забележи своето официјално деби за германскиот клуб поради постојани проблеми со грбот.
Како што најави 24Ракомет, Јагуриновски е веќе во Охрид, каде што се очекува официјализација на договорот со амбициозниот македонски клуб.