Парондо остана само со три бека!

Шпанскиот стратег Роберто Парондо, кој го води Мелсунген, ќе има дополнителни грижи на стартот на Бундес лигата.

Покрај двата порази во двата меча на стартот од Бундес лигата, има и еден куп повредени ракометари, а последен на листата е левиот бек од Белорусија, Владислав Кулеш.

Тој ја повреди раката и ќе паузира долго време, а за мечот со Ајзенах од Бундес лигата, Парондо ќе има на располагање само тројца од бековската линија.

Спремни за настап се само Даинис Кристопанс, Оле Форсел и Николај Ендерлејт. Од претходно на листата повредени се Баленсиага, Калваканти, Дармул, Менсинг и Стефансон…но и голманот Симиќ.