Стартуваше Бундес лигата – ривалот на тимот на Лазаров отвори со пораз

Ривалот на „сино-белите“ од Автокоманда во квалификациите за Лигата на Европа, Хановер, со пораз ја отвори новата сезона во Бундес лигата.

Хановер на домашен терен беше поразен од составот на Гумерсбах со 29-26, откако и на паузата гостите водеа со 15-11.

Најдобри стрелци во поразениот тим беа Усчинс со осум и Стенхаусер со пет погодоци, па одбраната на македонскиот состав посебно ќе треба да внимава на нив.

Првата средба меѓу Хановер и „сино-белите“ на Кирил Лазаров се игра на 31 август во „Свис Лајф Арена“ со почеток од 17:00 часот.