„Лонг Бич Арена“ повторно ќе стане дел од олимписката историја. Оваа легендарна сала, сместена на Пацифичкиот брег, околу 30 километри од центарот на Лос Анџелес, ќе биде домаќин на машките и женските ракометни турнири на Олимписките игри во 2028 година.
Отворена во 1962 година, оваа арена важи за еден од најпознатите спортски објекти објекти за забавни настани во Калифорнија. Меѓу најзначајните настани во нејзината историја се и олимпискиот турнир во одбојка во 1984 година, како и бројни концерти на светски ѕвезди.
Со капацитет од околу 13.500 гледачи, објектот веќе поминал низ повеќе реновации, последното во 2013 година. За Олимписките игри се предвидени нови адаптации со цел да се обезбедат најсовремени услови за спортистите и публиката.
Лонг Бич ќе биде едно од главните локации на ОИ 2028, со седум дисциплини што ќе се одржуваат на брегот. Градот нуди блискост до другите олимписки локации, фестивалска атмосфера и уникатен морски амбиент, што го прави идеална сцена за ракометниот спектакл.
            

								 
								 
								 
	
									  
								






















                