Eден од имињата што долго време работи во струшкиот ракомет е актуелниот предводник Жарко Ферукоски. Под негово водство стружани и порано, но и сега во младинските категории бележат одлични резултати и „произведуваат“ нови ракометари.
Ферукоски во повеќе наврати бил на клупата и на сениорската екипа, а така ќе биде и сега на 53. издание на традиционалниот Струшки турнир. Своевремено тој играше на турнирот како дел од играчкиот кадат на стружани, а сега повторно ќе ја води екипата од клупата.
„Турнирот е одлична прилика за воигрување на екипата, ќе добијат прилика сите играчи на кои ќе сметаме оваа сезна. На овој турнир имам учествувано и како играч и како тренер. Чувството е прекрасно и во едниот и во другиот случај. Играв со и против многу ѕвезди, и научив многу од тренерите кои ги воделе екипите овде во Струга“, вели Ферукоски.
Стружани ќе играат против Охрид и турската Бурса во групната фаза.
„За Охрид не треба да се трошат зборови, станува збор за екипа што вложува во играчкиот кадар континуирано, оваа сезона имаат нов стратег и многу нови играчи. Бурса исто така многу вложи во играчкиот кадар за претстојната сезона и заедно со Бешикташ се главни фаворити за титулата во турскиот шампионат. Охрид е главен фаворит за освојување на турнирот, иако не е исклучено и некоја друга екипа да изненади“, продолжи Ферукоски.
Струга полека го комплетира играчкиот кадар, но нема да настапат сите ракометари.
„На турнирот за жал нема да бидеме комплетни, имаме повредени ракометари уште од минатата сезона, Филип Талевски и Филип Пајкоски, а со некои се уште траат преговорите за да ја засилат нашата екипа“, продолжи Ферукоски.
Минатата сезона Струга мораше преку бараж да го зачува суперлигашкиот статус.
„Нашата цел оваа сезона е што повисок пласман, а зошто да не со две до три квалитетни засилувања и да се пласираме во плеј-офот од Супер лигата“, заврши Ферукоски.
СТРУГА – сезона 2025/2026
Дојдоа: Наум Костов (Охрид), Александар Ѓурѓевиќ (Борец ФЛ), Стефан Атанасовски (Пролет), Александар Ангеловски (Белфор)
Заминаа: Огњен Остиќ ?, Лазар Ристиќ (Пролетер Зрењанин), Александар Стојков (Куманово), Богдан Мијушковиќ (Тиквеш), Јулијан Матески (Мулти Есенс), Немања Џигероски (Мулти Есенс)
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА „СТРУГА 2025“
13 август: Струга – Охрид
15 август: Струга – Бурса
16 август: меч за пласман
❗❗ Дознајте ги сите новости поврзани со 53. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…
СТРУГА 2025: Костоски – Ќе биде интересен „езерски двобој“ на отворено, ќе се надигруваме 60 минути
СТРУГА 2025: Познат распоредот – езерски двобој за старт на турнирот