Како Порто го сокри трансферот на фудбалерот Де Јонг – го регистрира како ракометар!

Во несекојдневен и досега невиден потег, португалскиот фудбалски гигант Порто успеа до последен момент да го сокрие трансферот на холандскиот напаѓач Лук де Јонг, така што официјално го регистрирале како – ракометар.

Овој 35-годишен поранешен фудбалер на Барселона пристигнал во Порто во строга тајност, а клубот неговиот лекарски преглед го спровел под името на ракометната секција на Порто, со цел да не се открие трансферот преку бази на податоци и медиуми.

Презентацијата на Де Јонг беше спектакуларна – пред полн стадион, непосредно пред стартот на натпреварот со Атлетико, кога фановите дознаа за новото засилување. До тој момент, никој освен играчот и мала група луѓе од клубот не знаел за трансферот.

Овој необичен потег веднаш стана вирален на социјалните мрежи, а фановите на Порто го поздравија враќањето на искусниот голгетер во голем стил. Останува да се види дали Де Јонг ќе го оправда вниманието и довербата – на фудбалскиот терен, а не на ракометниот.