СТРУГА 2025: Познат распоредот – езерски двобој за старт на турнирот

Организаторите на Струшкиот турнир полека ги завршуваат подготовките за 53. издание на традиционалниот турнир, еден од најстарите во Европа.

Оваа година на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе играат шест екипи – четири македонски и две странски.

Откако беа одредени групите за новото издание на Струшкиот турнир, познат е и распоредот на натпреварите.

Публиката ќе има можност на отворањето на турнирот да го гледа „езерскиот двобој“ меѓу Струга и Охрид, а на првиот ден ќе се соочат Бутел Скопје и Раднички Крагујевац.

Натпреварите ќе се играат од 13 до 16 август.

Распоред на натпревари:

13 август
18:30 Струга – Охрид
19:55 Свечено отворање на турнирот
20:40 Бутел Скопје – Раднички Крагујевац

14 август
18:30 Тиквеш – Раднички Крагујевац
20:40 Охрид – Бурса

15 авугст
18:30 Струга – Бурса
20:40 Тиквеш – Бутел Скопје

16 август
10:30 за петто место
18:30 за трето место
20:40 финале