Женската кадетска репрезентација на Македонија утринава замина за Подгорица, каде ќе игра на првото Европско првенство за кадетки со 24 селекции.
Селекторката Даниела Новеска ќе смета на 17 ракометарки за овој настан, а поради повреди нема да настапат три ракометарки.
Станува збор за пикерите Неда Јанева и Мила Лашкоска, како и бекот Сара Дамјаноска, а во споредба со оние 15 што играа на ЕМОФ 2025 има две промени.
На местото на Анастасија Јованоска и Анастасија Тодоровска (поради повреда), во комбинација влегоа Алексија Ангелковска и Јована Павичевиќ, а се приклучија Таида Беровиќ и Ања Лашкоска, кои играа на младинското ЕП во Црна Гора.
Македонија ќе биде во група со Португалија, Словачка и Германија, а првиот меч го игра утре со почеток во 19:30 часот.
Состав Македонија:
Евгенија Смиљковска, Марија Димоска, Антонела Ѓероска, Алексија Ангелковска, Мила Ристовска, Јована Павичевиќ, Елена Балоска, Рона Мифтари, Драгана Тодоровска, Сара Илиоска, Марија Дуновска, Ивана Трифуноска, Симона Миноска, Габриела Божиноска, Мирјана Наумоска, Таида Беровиќ, Ања Лашкоска.