Црногорскиот првак Ловќен прави реконструкција на играчкиот кадар и се подготвува за новата сезона во која освен на домашна, ќе биде активен и на меѓународна сцена во ЕХФ Европскиот Куп и регионалната лига.
Две нови имиња што го пополнија ростерот на Ловќен се некогашните членови на шесткратниот македонски првак Металург – Лука Вујовиќ и Божо Анѓелиќ.
Вујовиќ се враќа во татковината откако минатата сезона играше во Романија, а претходно настапуваше за словенечкиот Копер, грчкиот Олимпијакос…
Анѓелиќ играше во Мешков Брест, во унгарските Ференцварош и Мезоковешди, потоа украинскиот Мотор, а лани се врати дома и беше дел од Будванска Ривиера.
Ловќен е ривал на Еурофарм Пелистер и „сино-белиот“ тим од Автокоманда во групата Б од регионалната лига, па сезонава двапати ќе гостува во Македонија.


























