Младите пелистерци добија премија од Министерството за спорт

Министерството за спорт донесе одлука да ги награди младинците на Еурофарм Пелистер со парична премија од 1.500.000 денари за пласманот на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн.

Еурофарм Пелистер го освои првото место на турнирот во Букурешт пред неполни два месеци и ќе се бори за европската титула со ГОГ Гудме, Барселона и Веспрем.

Во полуфиналето на 14 јуни во 09:00 часот во Дормаген, Еурофарм Пелистер ќе се сретне со ГОГ Гудме.

Во второто полуфинале ќе играат Барса и Веспрем, а победниците на 15 јуни во „Ланксес Арена“ во Келн ќе се борат за титулата.