ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Дерби во Охрид – гостува Вардар, ќе се делат трофеи во Хамбург и Скопје

Денеска во центарот на вниманието ќе биде дербито во СРЦ „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и Вардар.

„Црвено-црните“ мора да победат кај „гладијаторите“ ако сакаат да се вратат на делбата на првото место со шампионот Еурофарм Пелистер, кој ја заврши својата задача со Бутел Скопје.

Во плеј-офот од Женската лига, Астибо и Куманово ќе го одиграат последниот натпревар за оваа сезона.

Во салата „Антон Димитров“ ќе се одиграат и последните две средби од младинските лиги за оваа сезона. Најпрво младинците на Бутел Скопје ќе се борат со „сино-белите“ од Автокоманда за третото место, додека Еурофарм Пелистер ќе се соочи со „витамините“ за титулата.

Во Лигата на Европа, во Хамбург, германскиот Фленсбург и францускиот Монпелје ќе играат во битка за злато, додека Мелсунген и Кил ќе се соочат за третото место.

Во Европскиот Куп, „сино-белите“ од Автокоманда по триумфот во Атина, ќе имаат можност на домашен терен во мечот со АЕК да го освојат трофејот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 АСТИБО – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
13:30 БУТЕЛ СКОПЈЕ – АЛКАЛОИД (Ф4 МЛАДИНЦИ)
16:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Ф4 МЛАДИНЦИ)
18:30 ОХРИД – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
20:30 АЛКАЛОИД – АЕК АТИНА (ЕВРОПСКИ КУП)
15:00 МЕЛСУНГЕН – КИЛ (Ф4 ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:00 ФЛЕНСБУРГ – МОНПЕЛЈЕ (Ф4 ЛИГА НА ЕВРОПА)
16:30 ПОТСДАМ – МАГДЕБУРГ (ГЕРМАНИЈА)
18:00 АДЕМАР ЛЕОН – ВАЉАДОЛИД (ШПАНИЈА)