„Македонскиот“ Холабрун слави пласман во австриската елита!

Тимот на Холабрун, каде што тренер е Влатко Митков, а играат Хари Павлов и Филип Арсеновски обезбеди место во елитната конкуренција во Австрија.

На коло пред крајот од плеј-офот, Холабрун е сигурно на првото место на табелата, откако славеше над Алпла Хард 2 со убедливи 34-19.

Холабрун предводен од македонскиот стратег е на врвот на табелата со 15 бодови, а на мечот со Алпла Хард 2, Павлов беше стрелец на пет голови.

Во последното коло што нема да има резулатска важност, на 29 мај Холабрун ќе игра на домашен терен против Фиверс Маргаретен.