Францускиот Монпелје славеше во драматична завршница над германскиот Кил со 32-31 и спречи германско финале во Лигата на Европа.
Монпелје сега му се одмазди на Кил за елиминацијата во ЛШ минатата сезона, кога дома победи со девет, а загуби во Германија со десет голови.
Францускиот тим водеше со 4-0 на стартот на мечот, но како одминуваше времето така Кил се враќа во игра и на пауза „зебрите“ водеа со 17-16.
Во вториот дел момците на Јиха имаа и плус три, 23-20, но Монпелје по „германски“ рецепт успеа да направи камбек во натпреварот.
Карлсон му донесе водство на францускиот тим, 31-30, но Мадсен израмни и остана уште последниот напад за Монпелје, на кој му претходеше тајм-аут на тренерот Мате.
Хешам на три секунди до крајот го совлада Мрква, и немаше време за Кил да го однесе мечот во продолженија.
Јохансон и Зербе по седум пати погодија за Кил, додека Вулф и Мрква запишаа вкупно седум одбрани, наспроти 13 на Дебоне и Болзингер на спротивната страна. Најдобри стрелци кај Монпелје беа Карлсон со осум и Хешам со седум погодоци.
Од 15:00 часот во битката за третото место ќе играат Кил и Мелсунген, додека во битката Монпелје ќе го предизвика Фленсбург во натпреварот од 18:00 часот.