Младинците на Еурофарм Пелистер со гол во последните секунди славеа против „сино-белите“ од Автокоманда со 25-24 во полуфиналето од Ф4 турнирот и се пласираа во мечот за титулата.
Победата остана во сенка на тешката повреда на кружниот напаѓач Самоил Ристевски, кој потешко се повреди и заработи скршеница на ногата, па веднаш беше опериран.
Иако тимот од Автокоманда водеше на паузата со 14-11, сепак битолчани во вториот дел се вратија во мечот и на крајот заслужено се радуваа.
Ривал на битолчани во финалето ќе им бидат „витамините“ од Автокоманда, кои во првото полуфинале го победија домаќинот Бутел Скопје со 34-21.
Мечот за третото место ќе се игра од 13:30 часот, додека финалето е закажано за 16:00 часот.