Тимот на Тиквеш обезбеди место во финалниот натпревар од четвртфиналната група во Купот на Македонија по триумфот над прволигашот Аеродром.
Кавадарчани го совладаа составот на Аеродром со 41-30, а победата беше најавена уште по првото полувреме кога беше 20-12. Второто полувреме беше само рутинско одработување на задачата и потоа се славеше пласманот во финалната битка за Ф4.
За одбележување е камбекот на терените на младинскиот репрезентативец Славчо Шулески, кој даде три гола, а паузираше долго време поради скинати лигаменти на коленото. Кавадарчани промовираа нов талент, Димитриј Ангелов кој постигна 13 гола за првиот тим и беше најдобар на теренот, Јован Даневски имаше девет, додека по шест дадоа Мартин Тодоров и Матеј Петрески.
Во составот на Аеродром по осум гола имаа Димитар Босилковска и Александар Симоновски.
Ривал на избраниците на Кристијан Грчевски за место на Ф4 ќе им биде домаќинот на групата, Охрид, кој исто така има големи амбиции да се најде меѓу најдобрите четири.
Куп на Македонија, групна фаза, распоред:
група 1 (сала Автокоманда)
29/04, 13:00, Алкалоид – Мулти Есенс
29/04, 15:30, Партизан Гевгелија – Пролет
29/04, 20:00, финале
група 2 (сала Боро Чурлевски)
Еурофарм Пелистер – Куманово 43-30
Радовиш – Струга 43-34
27/04, 18:30, Еурофарм Пелистер – Радовиш
група 3 (сала Боро Чурлевски)
Борец – Еурофарм Пелистер 2 0-10
Вардар – Бутел Скопје 33-30
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 25-28
група 4 (сала Билјанини Извори)
Прилеп – Охрид 27-32
Тиквеш – Аеродром 41-30
27/04, 19:30, Oхрид – Тиквеш